Privacy Policy

Политика за приватност

Друштвото за трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија ОНЕ АУТО ДООЕЛ Скопје, со адреса на ул. Васил Главинов бр.14/2-8, 1000 Скопје, со ЕМБС 7539002 (во понатамошниот текст: „Контролорот“) е друштво за трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија кое што во текот на вршење на својата дејност обработува лични податоци на баратели и корисници на услуги (во понатамошниот текст: Субјекти на лични податоци).

Со оваа Политика на приватност, Контролорот сака на сите Субјекти на лични податоци и други заинтересирани лица да ја презентира неговата политика во однос на целите, обемот и начинот на собирање и обработување на лични податоци при користење на услугите на Контролорот.

НАПОМЕНА: Со користењето или поднесување на барање за користење на услугите на Контролорот се согласувате со наведениот начин на собирање и обработка на Вашите лични податоци.

За сите прашања што ги имате во однос на значењето на оваа Политика за Приватност, нејзината примена, начинот на обработка на лични податоци или користењето на Вашите законски права за заштита на лични податоци можете да го контактирате офицерот за заштита на лични податоци на Контролорот: со телефон 071-236-060 / 070-262-464 и e-mail адреса: info@oneauto.mk

Цел на обработка

Конкретно целите на собирање и обработка на Вашите лични податоци се следниве:

  • Комуникација
  • Почитување на регулативата
  • Рекламирање
  • Спречување на злоупотреби

Начин на собирање на лични податоци

Ние собираме лични податоци за Вас од следниве изводи:

  • Информации од други извори

Давање на личните податоци на трети лица

Контролорот нема да ги продава Вашите лични податоци или да овозможува неоправдан пристап на трети лица до Вашите лични податоци.

Сепак постојат одредени случаи кога Контролорот ќе овозможува пристап на трети лица до Вашите лични податоци, како што се:

  • Трети лица ангажирани во врска со давањето на нашите услуги
  • Органите на власта или правосудните органи

Временско ограничување за чувањето на лични податоци

Ние ги чуваме Вашите лични податоци се додека постои реална потреба за нивно чување за да биде возможно исполнувањето на нашите обврски према Вас, заштита на нашите интереси или исполнување на нашите законски обврски.

Право на бришење, исправка, корегирање, дополнување, добивање на лични податоци

Вие имате право од нас да побарате бришење, корегирање, дополнување на Вашите лични податоци складирани кај нас.

Ограничување на собирање и користење

Доколку не сакате да примате било каква комуникација (e-mail, пораки, телефонски позиви, комуникација преку електронски платформи за комунијација), тогаш тоа да го побарате од нас преку барање доставено на e-mail адреса: info@oneauto.mk

Право на пристап

Покрај тоа што е наведено во оваа Политика на Приватност, додатно Вие имате право од нас да побарате потврда дали ние обработуваме Ваши лични податоци и да добиете пристап до тие лични податоци и до следните информации: (i) цели на обработката; (ii) категории на лични податоци кои се обработуваат; (iii) корисници или категории на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во трети земји или меѓународни организации; (iv) предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите што се користат за одредување на тој период; (v) информации за како да го реализирате Вашето право на исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци, или право на приговор против таквата обработка; (vi) информации за како да го реализирате Вашето право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на лични податоци за заштита на Вашите права; и (vii) постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето.

Право да се повлече согласноста за обработка на личните податоци

Вие имате право во било кое време да ја повлечете согласноста преку доставување на известување на e-mail адреса: info@oneauto.mk

Напоменуваме: дека во одредени случаи ќе бидеме приморани да продолжиме со обработување на Вашите лични податоци, доколку тоа е потребно за извршување на договор, заштита на легитимни интереси или исполнување на законски обврски.

Сигурност на податоците

Системот на заштита на лични податоци на Контролорот е креиран со главна цел да ги заштити приватноста и личните податоци на корисниците на нашите услуги и тоа согласно Законот за заштита на лични податоци.

Лични податоци кои се собираат и оработуваат

Контролорот особено ќе собира Ваши лични податоци, како: име и презиме, ЕМБГ, податоци од лична карта или пасош, контакт информации, професија, приходи, работно место.

Пријава до Агенцијата за заштита на личните податоци

Доколку сметате дека со собирањето или обработката на Вашите лични податоци, некои Ваши права се повредени или е прекршена некоја од одредбите на Законот за личните податоци, тогаш можете да поднесете барање за заштита до Агенцијата за заштита на личните податоци.

НАПОМЕНА: Со прифаќањето на оваа Политика за приватност и со користењето на нашите услуги, Вие се согласувате со наведениот начин на собирање и обработка на Вашите лични податоци при што истото претставува согласност за обработка на лични податоци во смисла на Законот за лични податоци.

Во продолжение се прикачени документите за бришење и исправка на лични податоци, ограничување на обработка, повлекување на согласноста, барање за преносливост на лични податоци, за пристап до лични податоци и приговор против обработка на лични податоци. Доколку имате некое од горенаведените барања, Ве молиме пополнете го документот, потпишете го и скенирана верзија испратете на e-mail-от наведен во самиот документ.

Барање за бришење на лични податоци

Барање за исправка на лични податоци

Барање за ограничување на обработка

Барање за повлекување на согласноста

Барање за преносливост на лични податоци

Барање за пристап до лични податоци

Приговор против обработка на лични податоци

Top